Повеќе од 21.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови заради обилите врнежи и поплави во Малезија, објави државната новиска агенција Бернама.
Малезиската држава Перак е последната во низата која е погодена во поплавите, додека во уште шест држави се влоши состојбата, пренесе Ројтерс.
„Сите заедно, повеќе од 21.000 луѓе се евакуирани од нивните домови во засолништа до попладне“, додава новинската агенција.
Повеќе од 11.000 луѓе се одведени од домовите во саботата, затоа што обилните врнежи, кои почнаа во петокот утрината, предизвикаа затварање на патиштата и ја запреа дистрибуцијата на намирници.
Премиерот Исмаил Сабри Јакоб рече дека 15.000 луѓе се префрлени во 100 засолништа.
Тој додаде дека претходниот ден паднало дожд колку што вообичаено паѓа за еден месец во нормални услови.
Исмаил објави дека владата ќе издвои 24 милиони долари за поправка на оштетени или уништени домови и финансиска помош на загрозените.







