Акциите на Циско паднаа за 13% во тргувањето после работното време по извештајот, повлекувајќи ги надолу акциите на компаниите што вршат иста дејност, како што се „Ариста Нетворкс“ (Arista Networks), Џанипер Нетворкс (Juniper Networks) и „Сиена“ (Ciena).
„’Циско’ забележа забавување на нови нарачки на производи за првиот квартал од фискалната 2024 година и верува дека главната причина е што корисниците во моментов се фокусирани на инсталирање и имплементација на производи во своите опкружувања после исклучително силните испораки на производи во последните три квартали“, информираше компанијата минатиот месец при објавата на резултатите за периодот од 1-ви јули до 30-ти септември.
Нарачките на производите во тоа тримесечје паднаа за 20% во однос на минатата година, вклучувајќи и пад од 26% деловните порачки и пад од 32% на приходите од давателите на услуги.
Нарачките во јавниот сектор се зголемиле за 2%.
Нарачките паднаа за 13% во Европа, Блискиот Исток и Африка,19% во Америка,и 38% во Азија.
Од компанијата информираат дека имаат повеќе од 1 милијарда долари во нарачки кои се однесуваат на апликации за вештачка интелигенција.







