Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поради опсада од мигранти и бегалци затворена железничката станица во Атина
СВЕТ

Поради опсада од мигранти и бегалци затворена железничката станица во Атина

април 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поради протест и запоседнување на пругата од поголема група бегалци и мигранти, од утрово од 10 часот затворена е железничката станица во Атина, при што не сообраќаат возовите, а прекинато е и издавањето билети, соопшти грчката железничка компанија „Треносе“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, лажната вест на социјалните мрежи дека ќе се отвори балканската рута создаде проблеми во Атина, кога бегалци и мигранти купиле билети и сакале со воз да стигнат до Солун, а оттаму до прифатниот центар Диавата, за да им се придружат на другите насобрани бегалци и мигранти и заедно да се упатат кон границата со Северна Македонија.

Неофицијално на железничката станица има околу 200 лица, претежно семејства со деца, а од претпладневно не само што ја блокираа пругата, туку поставија и шатори.

Генералниот секретар на грчкото Министерство за миграциска политика пристигна на станицата во обид да им објасни на насобраните лица дека станува збор за лажна вест и дека парите за билетите ќе им бидат вратени.

Како што претходно објави МИА, повик и лажна вест што во изминатиот период се споделуваше на социјалните мрежи дека повторно ќе се отворат границата и балканската рута за да стигнат до Европа, беше причина околу 500 бегалци и мигранти од цела Грција да се упатат кон Солун и од вчера да постават над 100 шатори и да преноќат пред прифатниот центар Диавата.

Министерот за миграциска политика на Грција, Димитрис Вицас во интервју за радиото „Практорио фм“ изјави дека бегалците и мигрантите пред прифатниот центар Диавата се жртви на дезинформации.

„Кој ја споделува оваа дезинформација? Главно ја шират криумчарите кои поради некоја причина, што никој не може да ја разбере, тврдат дека ќе биде отворена границата. Границата нема да биде отворена, изјави грчкиот министерот, додавајќи дека според неговата проценка, до вечер или до утре наутро ситуацијата ќе се нормализира.

Прифатниот центар Диавата пред кој што се поставени шаторите и се насобрани бегалците и мигрантите се наоѓа во близина на Солун, на околу 70 километри од границата со Северна Македонија.

Атина железничка затворена мигранти
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор

јуни 10, 2026

Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.