Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Порака од Пендаровски за Европскиот ден за сеќавање на холокаустот врз Ромите и Синтите (ВИДЕО)
Македонија

Порака од Пендаровски за Европскиот ден за сеќавање на холокаустот врз Ромите и Синтите (ВИДЕО)

август 3, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку видео порака се обрати на виртуелната комеморативна церемонија, што по повод 2-ри август, Европскиот ден за сеќавање на холокаустот врз Ромите и Синтите, се одржа во организација на Централниот совет на германските Синти и Роми и Асоцијацијата на Роми во Полска, во соработка со државниот музеј Аушвиц-Биркенау.

Пендаровски во во пораката потенцира дека денес се сеќаваме на еден ужасен датум од историјата, кога околу 4300 Роми и Синти бea убиени во нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау за време на Втората светска војна. Таа мрачна идеологија, подвлекува, овозможи да се случи најголемото зло во историјата, што предизвика загуба на милиони човечки животи, меѓу кои и околу 500.000 Роми и Синти од Европа и Балканот.

– Иако годинава одбележуваме 75 години од победата над фашизмот, загрижуваат некои актуелни факти и настани кои ги оживуваат историските неправди кон  Ромите. Зголемениот интензитет на расизам, антициганизам, дискриминација и говор на омраза кон припадниците на ромската заедница и понатаму ја поддржуваат нејзината исклученост, некаде дури и изолираност од останатите заедници. Предрасудите и стереотипите поврзани со нивната етничка припадност остануваат главната пречка за еднаков третман во остварувањето на основните човекови права и слободи. Негирањето на геноцидот врз Ромите и Синтите, освен што ја рециклира еднаш нанесената неправда, ја спречува и можноста да учиме едни од други, едни за други, и заеднички да градиме меѓусебна доверба, почит и разбирање, стои во обраќањето на претседателот на државата.

Пендаровски нагласува дека современите општества не смеат да дозволат ваквите појави, за кои нема никакво морално и етичко оправдување, да бидат поважни од европските вредности и вредностите воопшто на едно современо демократско општество.

– Кај денешните генерации е одговорноста да создадеме отворени општества во кои секој поединец, без разлика на полот, возраста, етничката припадност, религиозното убедување или бојата на кожата, ќе има право на достоинствен живот. Сите ние имаме обврска да се сеќаваме на геноцидот врз Ромите и Синтите во Европа и на Балканот за време на Втората светска војна. Личните сведоштва на преживеаните, нивните страдања, загуби и претрпени трауми треба да ни бидат предупредување да се заложиме тој страшен период од историјата никогаш да не се повтори, никаде во светот.  вели Пендаровски во видео пораката.

Единствениот возможен пат кон развој и просперитет на нашите општества, нагласува претседателот Стево Пендаровски, е преку промовирање на човековите слободи и права, солидарноста, хуманоста и меѓусебното почитување.

актуелно ден европски пендаровски роми холокауст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.