Некогашен германски офицер од нацистичката СС дивизија, затекнат во Шкотска за време на Втората светска војна остави 384.000 фунти (458.000 евра) на шкотско село каде бил заробен, во знак на благодарност затоа што жителите пријателски го прифатиле, пренесуваат британските медиуми.
Хајнрих Штајнмејер уапсен е на 19 години во Франција од каде што бил префрлен во затворскиот камп Култибраган, кај местото Комри во Шкотска.
Штајнмејер кој починал во 2013-та, на 90 годинша возраст, во тестаментот напишал дека сака парите да ги подари на шкотското село како знак на благодарност на локалните жители за љубезноста кон него.
Поранешниот германски офицер после војната уште некое време останал во селото каде што работел и подоцна често го посетувал.
Штајнмејер рекол дека сака парите да бидат употребени за грижа за старите лица во Комри.







