Поранешниот претседател на Мексико, Енрике Пења Нието прифатил 100 милиони долари како поткуп од нарко босот Хоакин Ел Чапо Гузман, пренесуваат американските медиуми повикувајќи се на сведок во судењето на Гузман.
Ел Чапо се обвинува дека стоел позади најголемиот картел Синалоа. Му се суди во Бруклин, каде што беше екстрадиран од Мексико за шверцување на кокаин, хероин и други наркотици.