Поранешниот премиер на Република Турција и пратеник од Коња, Ахмет Давутоглу од денеска до 29 септември ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
Во рамки на посетата Давутоглу, како што е најавено, ќе оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев.
Давутоглу на 28 септември ќе се обрати на панел дискусијата за „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, во организација на Здружението на дипломирани студенти од Турција.
Давутоглу на функцијата премиер на Турција,стапува на 29 август 2014, откако Реџеп Тајип Ердоган е избран за претседател на Турција.
Тој е 26-ти премиер на Турција и останува до 5 мај 2016 година кога се повлекува од позицијата лидер на Партијата на правдата и развојот АКП.







