Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Португалија ги привлекува Американците желни за подобар живот
Автор

Португалија ги привлекува Американците желни за подобар живот

ноември 28, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нејтан Хедлок се преселил во Португалија за да избега од насилството и лошата социјална состојба во САД, но и да продолжи да ужива во сонцето и морето што ги обожувал во Калифорнија.

„Лисабон ги исполни сите критериуми. Има дури и висечки мост кој наликува на Голден Гејт во Сан Франциско “, вели 40-годишниот американски претприемач.

„Мојата партнерка и јас баравме место каде што би можеле да го забавиме животот и да повеќе да уживаме. Составивме листа на ‘топ 10’ места во светот и Лисабон брзо заврши на врвот“.

Двојката, кој основаше семејство откако се пресели во португалската престолнина во 2020 година, таму ја привлече климата, добрата храна, поевтиниот живот и можноста за патување во други делови на Европа.

А, сакале да избегаат и од мрачните страни на американското општество.

„Една од главните причини зошто луѓето сакаат да се преселат овде, е безбедноста на нивните деца. Често велат: ‘Не сакам некој да го застрела моето дете во училиштето’“, раскажува Хедлок. „Вие во Европа не сте го доживеале тоа, но во Америка тоа е реалност“.

Џен Витман, која се преселила во Лисабон од Калифорнија со сопругот и синот за време на пандемијата, тврди дека Соединетите Американски Држави „малку пукаат во шавовите“.

„Инцидентот со Џорџ Флојд, пандемијата, политичките поделби, расизмот…, сето тоа стана пренагласено во Америка“.

Нејзе и е важна европската социјална мрежа.

„Состојбата со здравствената заштита во Америка е ужасна. Особено ако сте пензионер со здравствени проблеми. Во Америка, болеста може да ве одведе во банкрот“, рече таа.

Околу 7.000 американски граѓани живеат во Португалија, што е малку во споредба со 42.000 Британци кои ја направија таа земја свој дом.

Но, во последните години доаѓањето на Британците се намалува, додека бројот на Американците е двојно зголемен.

Американците таму може да бидат привлечени од португалските „златни визи“, дозволи за престој за странци кои сакаат да купат недвижен имот или да пренесат капитал во Португалија.

Повеќето од нив, сепак, доаѓаат врз основа на визата Д7, за која е потребен редовен „пасивен приход“ од пензија, изнајмување или инвестиција.

 

Поинаков менталитет

Џоана Мендоса, адвокатка во консултантската куќа за миграција „Глобални Граѓански Решенија“ (Global Citizen Solutions), „речиси секојдневно“ разговара со американски клиенти.

„Некои доаѓаат затоа што се ‘дигитални номади’ и сакаат да работат од куќа покрај море. Имаме и цели семејства кои сонуваат еден ден да ги запишат своите деца на европските универзитети. А, и пензионери кои сакаат да продадат сè во САД за да уживаат во пензионерските денови во Португалија“, рече таа

Мендока вели дека Американците имаат поинаков менталитет од другите странски инвеститори кои се ‘намамени’ во Португалија со дозволи за престој и даночни олеснувања. Истакнува дека тие навистина сакаат да живеат таму и да се адаптираат.

Хедлок во Португалија започна како ‘дигитален номад’, но сега работи во инвестициски фонд кој купува земјиште за маслинови градини и насади со бадеми во ридовите Алентехо.

Тоа подрачје, јужно од Лисабон, го потсетува на долините Напа и Сонома во Калифорнија.

„Португалските Американци“ често велат дека земјата ги потсетува на Калифорнија. Сурфањето, крајбрежјето, доброто вино, љубовта кон морските плодови и здравата кујна и малку опуштениот начин на живот, ги наведуваат како заеднички обележја.

Како и нејзините сонародници, и Витман со своето семејство ги напушти Соединетите Американски Држави за да ги избегне „поделбите“ што „ја кочат Америка и ја враќаат наназад и се опипливи штом ќе слетате таму и ќе излезете од авионот“.

Но, Португалија не бил нејзиниот прв избор.

„Се обидовме да се преселиме во Италија, но тие воопшто не прифаќаат американски барања за виза“, се присетува таа.

„Тогаш се запрашавме кој во Европа ги прифаќа Американците. Испадна дека тоа се Хрватска и Португалија“.

Таа и нејзиниот сопруг сега водат сопствена компанија за дигитален маркетинг и немаат намера да се вратат назад.

„Овде е безбедно. Се чувствуваме безбедно кога се шетаме наоколу, се чувствуваме безбедно ноќе. Правиме работи што, заради страв, во Америка не би можеле“, заклучи таа.

актуелно Америка Европа Калифорнија Лисабон Португалија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.