Цената на јајцата во Европската унија во јануари била во просек за 30 отсто повисока од лани, објави денеска европската статистичка служба Евростат.
Така, како што наведуваат, јајцата станале една од намирниците со најголемо поскапување.
Во Словенија поскапеле за 21,7 отсто. Цените најмногу пораснале во Чешка (за 85 отсто), Унгарија (за 80 отсто) и Словачка (за 79 отсто).
На другата страна на скалата се Германија и Луксембург (и во двете 18% инфлација) и Австрија (19% инфлација).
Јајцата во јануари 2022 година беа седум отсто поскапи отколку во јануари 2021 година, а за еден отсто во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 година.







