Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Постојана поддршка од Норвешка за членство во НАТО и ЕУ
Македонија

Постојана поддршка од Норвешка за членство во НАТО и ЕУ

февруари 7, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Норвешката поддршка за евроатлантската интеграција на Македонија, вклучително и норвешката проектна помош насочена кон подобрување на подготвеноста на Македонија за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ, беше тема на денешната средба во Скопје на шефот на македомската дипломатија Никола Димитров со норвешкиот амбасадор Арне Санес Бјорнстад.

Како што соопшти МНР, истакнувајќи дека патот кон ЕУ не претставува предизвик само поради критериумите за членство, туку и заради сложеноста на самиот процес на преговори, министерот Димитров изрази благодарност кон Кралството Норвешка за долгогодишната поддршка и проектна помош за Република Македонија.

Амбасадорот Бјорнстад, пак, се наведува, ја реафирмираше поддршката за евроатланската интеграција на Македонија и неопходните реформи и информираше за одлуката на Норвешка за двојно зголемување на финансиската помош за Македонија во наредниот период.

И покрај тоа што не е ЕУ членка, Норвешка во континуитет го споделува своето исцрпно искуство во преговарањето и одржувањето тесни врски со Унијата преку Европската економска област, Шенгенската зона и други форуми на соработка, унапредувајќи ги на тој начин административните и законодавните капацитети на Македонија за спроведување на неопходните реформи и отворање на пристапните преговори.

Ваквата поддршка беше дополнително унапредена и со потпишувањето на Заедничката изјава за партнерство и соработка меѓу двете земји во август, 2017 година во Осло, наведуваат од МНР.

Последна потврда за тоа, се посочува, е започнувањето на проектот за техничка помош наменет за подобрување на капацитетите за процесирање и заштита на документи и унапредување целокупниот систем за комуникации на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, како корисник на проектот.

Спроведувањето на овој проект со времетраење од 12 месеци е предвидено да заврши до крајот на 2018 година, додека проценетата вредност на средствата за неговото спроведување изнесува 1,5 милиони евра, стои во соопштението од МНР.

актуелно ЕУ МНР норвешка осло
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.