Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПОТРАГА ВО ГЕРМАНИЈА: Се трага по Русин кој фрлил 10-годишен Украинец од мост
Во Фокусот

ПОТРАГА ВО ГЕРМАНИЈА: Се трага по Русин кој фрлил 10-годишен Украинец од мост

септември 5, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Германската полиција покрена истрага против маж на возраст од 40-тина години, откако тој, наводно, фрлил 10-годишно момче од Украина од мост затоа што зборувало на неговиот мајчин јазик.

Инспекторите се сомневаат дека осомничениот е Русин и дека нападот бил политички мотивиран, пишува британски Телеграф.

Од почетокот на руската инвазија, во Германија пристигнаа повеќе од милион украински бегалци кои во последно време се соочуваат со зголемен број напади.

Мажот, за кој се верува дека има околу 40 години и дека зборува руски, се приближил до група деца кои седеле на мостот во градот Ајнбек во Долна Саксонија и зборувале на украински.

Им рекол дека треба да зборуваат на руски и дека Украина е таа што ја започнала војната.

Потоа го повлекол девојчето за коса, а момчето го фрлил преку пет метри високата ограда на мостот во каналот, велат истражителите. Пред да падне во вода, 10-годишникот удрил во железните носачи на мостот.

Напаѓачот потоа земал стаклено шише и го удрил момчето во десното рамо додека се уште било во водата, по што побегнал.

Останатите деца притрчале да му помогнат на повреденото момче и ги повикале родителите.

Во болницата му биле констатирани полесни повреди на левото стапало и главата, но набргу по приемот бил пуштен.

Нападите во Германија ескалираа откако Берлин ја засили воената помош за Киев со потешко оружје и ја отвори вратата за бегалците.

Крајната десница наклонета кон Путин, како и Русите кои живеат во Германија, своето незадоволство го изразија со се почесто непријателско однесување кон Украинците.

Во еден од неодамнешните инциденти, украински студенти во Франкфурт се разбудиле и ја нашле буквата З, симбол на војната на Путин, нацртана на вратата од нивниот дом.

Други Украинци пријавиле дека ги извадиле сите украински симболи од облеката поради страв да не бидат нападнати.

Се проценува дека во Германија живеат 3,5 милиони етнички Руси, што е најголема популација во западниот свет, освен нив има и Руси со германско потекло и руски Евреи.Милиони луѓе имигрирале таму во 90-тите по распадот на Советскиот Сојуз.Иако во повеќето случаи тие се добро интегрирани, за некои се сомнева дека негуваат симпатии кон Кремљ.

„Ова јасно го покажува нивото на омраза кај една од поголемите групи кои живеат во Германија.

Многумина се идентификуваат со Русија и Советскиот Сојуз, гледаат руска телевизија и се целосно испрани од руската пропаганда“, вели Сергеј Сумлени, директор на Европскиот центар за отпор.

Патем, додава дека иако овој напад бил екстремен и неиспровоциран, тој не е исклучок и јасно го покажува нивото на антиукраинизам што владее кај Русите, за подготвеноста да мразат, да нанесуваат болка и да убиваат само затоа што друго лице зборува украински.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Ајнбек / илустрација)

актуелно германија истрага Кремљ потрага русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.