Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Потребно итно воведување на предлог-моделот за рехабилитација на жени жртви на семејно насилство
Македонија

Потребно итно воведување на предлог-моделот за рехабилитација на жени жртви на семејно насилство

ноември 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Потребно е итно воведување на предлог-моделот за рехабилитација и реинтеграција што ќе ги опфати сите аспекти кои се важни и клучни во процесот на напуштање на насилната средина и започнување нов живот, истакна денеска Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство на панелот на тема „Предлог модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство“ што се одржува во Скопје.

„Моделот ги вклучува петте најважни аспекти, а тоа се домување, психолошко советување, финансиска поддршка, образование и обуки и помош при вработување.

Тоа е еден процес што треба да ги поддржи жените во донесување на одлуката, да ги охрабри да напуштат и да започнат нов живот, појасни Димушевска.

Според последното истражување на ОБСЕ што било објавено во мај годинава кое било спроведувано во земјите од Западен Балкан меѓу кои и земјава, 60 проценти од жртвите на семејно насилство биле контролирани од сторителот, немале никаков или имале контролиран пристап до финансии и нивните деца биле користени како средства за уцена за жената да не го напушти партнерот. Од сите испитани жени, 19 проценти или секоја петта жена е жртва на економско насилство од партнерот, а
жените кои трпеле семејно насилство во минатото, а не биле во можност да обезбедат живеалиште или храна за себе и своите деца поради тоа не ја напуштиле насилна средина, во последните 12 месеци, односно во текот на 2018-та, повторно биле изложени и се соочиле со повеќе форми на семејно насилство.

„Овие податоци ни ја покажуваат неопходната и итната потреба за воведување на ваков модел на рехабилитација и она што со задоволство можам да го соопштам е дека како посебен член е влезен во новиот Закон за насилство врз жени и семејно насилство, што сега ќе влезе и во процедура на усвојување, посочи Димушевска.

Претседателката на Клубот на пратенички во Собранието Ѓулумсер Касапи посочи дека овој ден (Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените) го означува почетокот на глобалната кампања на која Клубот на пратенички со оваа панел дискусија се приклучува кон активизам за спречување на насилство врз жени и девојчиња кое ќе трае 10 дена, а ќе заврши со Светскиот ден на човекови права.

„Почетокот и крајот на кампањата која се организира за зголемување на свеста и преземање конкретни мерки за прекинување на насилството врз жените, не се одбрани случајно туку со цел да се направи поврзување меѓу насилството врз жените и кршењето на човековите права. Токму насилството врз жените е едно од најчестите и најактуелните и воедно најмалку препознатливи прекршувања на човекови права од што во светски рамки страда секоја трета жена, рече Касапи.

Додаде дека Клубот на пратенички отсекогаш делувал со заедничка и единствена цел – преку законски решенија да се постигне родова еднаквост и унапредување на правата на жената.

„Континуирано продолжуваме во борбата против семејното насилство, а пример за тоа се иницијативите меѓу кои со поддршка на Клубот за пратенички во Законот за семејство вградена е посебна глава за заштита на жртви од семејно насилство, со измените во Законот за игри на среќа и забавни игри поднесени од Клубот на пратенички се формира посебен фонд за борба против семејно насилство, дополни Касапи.

актуелно жени жртви насилство рехабилитацвија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.