Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПОТРЕС И ТРОПСКА БУРА: 5,1 степени по Рихтер ја разнишаа Калифорнија, им стигнува и „Хилари“
Во Фокусот

ПОТРЕС И ТРОПСКА БУРА: 5,1 степени по Рихтер ја разнишаа Калифорнија, им стигнува и „Хилари“

август 21, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди вчера подрачјето на јужна Калифорнија каде што пристигнува и тропската бура „Хилари“.

Епицентарот на потресот бил во областа северно од Лос Анџелес, а потресите ги почувствувале жителите во голем дел од јужната област на оваа американска сојузна држава, додека се подготвувале за силен дожд и можни поплави кои ги носи „Хилари“.

Земјотресот се случил во 14 часот и 41 минути по локално време, а од тресењето на тлото нема информации за материјална штета или повредени.

Американскиот систем за предупредување извести дека по овој земјотрес нема опасност од цунами.

Тропската бура „Хилари“ вчера предизвика поплави источно и западно од Лос Анџелес, откако со смртоносна сила помина преку мексиканскиот полуостров Долна Калифорнија.

Едно лице во Мексико загина во ненадејните поплави на полуостровот, каде што некои патишта беа однесени.

На фотографиите на социјалните мрежи се гледаат порои кои бликаат низ градските улици кои се претворени во реки.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од јужна Калифорнија, со предупредувања за можни поројни поплави. Наредбата за вонредна состојба е на сила до денес попладне.

Ова е област која беше изложена на долги сушни периоди.

Во планинските и пустинските предели за краток временски период би можеле да наврнат од 12 до 25 см дожд, колку што вообичаено во овие подрачја паѓа на годишно ниво.

Првата тропска бура што го погоди округот Лос Анџелес од 1939 година предизвика сериозни поплави во планините Сан Габриел, источно од градот, и крајбрежните области во северозападниот дел на округот Вентура.

Во округот Сан Бернардино беше наредена евакуација на бројни места во планините и долините, каде што на фотографиите од социјалните мрежи можеа да се видат порои од вода, кал, камења и дрвја.

Во Врајтвуд, на околу 110 километри североисточно од Лос Анџелес, дождот предизвика поголема материјална штета.

Потаму, кон исток, во Оук Глен – еден од петте градови во округот Сан Бернардино во кој е на сила наредба за евакуација – водата фрлаше дрва, кал и камења во воздух.

На запад, во понаселениот округ Вентура, Националната метеоролошка служба предупреди за можни поплави опасни по живот, каде што за само два часа паднаа до 5 сантиметри дожд.

Метеоролошката служба извести за заглавени автомобили, од кои пожарникарите извлекле десетици лица.

Гувернерот Њусом, кој ги обиколува подрачјата во јужна Калифорнија, рече дека пустинската оаза Палм Спрингс (околу 160 километри источно од Лос Анџелес), кога вчера бил таму била „сува како барут“, но еден час подоцна бил информиран за „најобилните врнежи во историјата на Палм Спрингс” кои паднале за само еден час“ па улиците набрзо биле поплавени.

„Многу брзо се се менува. Се е толку непредвидливо. Состојбата се менува за час….“, рече Њусом на прес-конференција во Лос Анџелес, откако изјави дека за се го известил американскиот претседател Џо Бајден, кој им наредил на федералните агенции да преместат персонал и резерви во јужна Калифорнија.

Откажани се стотици летови во Сан Диего, Лас Вегас и Лос Анџелес. Обединетиот училишен округ во Лос Анџелес и обединетата училишна област Сан Диего, двата најголеми училишни окрузи во државата, ги откажаа денешните часови.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Робин Бек/АФП)

актуелно бура земјотрес Калифорнија лас вегас Лос Анџелес
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.