Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почвата дехидрирана, есенската сеидба под десет отсто
Земјоделство

Почвата дехидрирана, есенската сеидба под десет отсто

октомври 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Високите температури, невообичаени за овој период од годината, ја доведоа во прашање есенската сеидба. За некои култури оптималните рокови веќе поминаа, а почвата е сува, дехидрирана.

Според агрометеоролозите, во опасност е и она малку што е посеано, под десет проценти од планираното. Се надеваат дека состојбата можеби ќе ја подобрат врнежите, најавени за втората половина на идната недела.

-Може да се сее и во ноември, декември, но колку повеќе се пролонгира сеидбата, толку помалку подготвени ќе влезат житата во зима. Ако зимата е со многу ниски темпратури, може да направи проблем. Добро ќе биде ако е блага, вели за МИА агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР.

Рокот за сеидба на маслодајна репа беше до септември, од почетокот на октовмри се сее есенскиот јачмен, а пченицата од 15 октомври.

-Почвата е дехидрирана. Високите температури го исушија и она мало количество вода што го имаше. Она што е посеано во сушни услови може да се случи да го соберат птици и инесетки и од тоа да не остане ништо.

Посеани се под десет отсто пченица, од заораните стрништа непосредно по жетва или на површини каде имало окопна култура. Наредната недела се очекуваат врнежи, но недостасуваат околу 100 литри на метар квадратен. Сепак, и до 20 литри да паднат, подготовките ќе почнат, објаснува Ангелески.

И земјоделците потврдуваат дека ситуацијата е незавидна. Дури ја оценуваат како многу лоша.

-Според сеидбениот календар, до Петковден сé требаше да биде посеано, и пченица и јачмен и рж. Но, ниту десет отсто од предвиденото не е.

Количините пченица годинава ќе бидат многу помали во споредба со лани кога од есенската суша приносите беа преполовени. И цената е ниска.

Оваа култура ќе ја снема од површините и во прилепскиот и во битолскиот дел од Пелагонија, нагласува претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров.

Според него, ниту врнежите што се најавуваат за идната недела нема да сменат многу. Можеби само ќе испровоцираат поникнување на засеаните култури, но тие ќе угинат ако сушата продолжи.

За другите земјоделски култури топлото време е идеално. Се жнее оризот во Кочанско, брзо се суши арпата. Температурите се одлични и за тутунопроизводството. Сега се најквалитетните берби, а условите за сушење се повеќе од добри.

дехидрирана почва есенска сеидба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Романски домати за сезоната достигнаа рекордни цени од околу 20 евра за килограм

април 17, 2026

БЕЗ ОЛЕСНУВАЊА: ЕУ воведува нови, поголеми царини за руското жито

март 19, 2024

Натпросечните температури ги „разбудија“ овошките, времето поволно за резидба и подготовка на пластениците

февруари 22, 2024
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.