Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почетокот на испораката на кинеските вакцини ќе се знае деновиве, во тек е втора постапка за набавка на уште 200 илјади дози
Македонија

Почетокот на испораката на кинеските вакцини ќе се знае деновиве, во тек е втора постапка за набавка на уште 200 илјади дози

март 2, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Во тек е и втора постапка за набавка на уште 200 илјади дози од кинеската вакцина, а формализирани се и документите за набавка на руската вакцина „Спутник“. Ова вчера го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека очекува овие денови да има информација од Кина кога ќе почне испораката на вакцините. Посочи дека се е направено во делот на постапките со цел вакцините што е можно побрзо да дојдат во земјава.

Тој појасни дека авансот за кинеските вакцини е повлечен затоа што се чекала потврда од Министерството за надворешни работи на Кина.

– Авансот е пуштен како дел од процедурата. Парите се тука, на истата сметка на Министерството за здравство. Очекувам позитивна информација за постапката што е започната, посочи Заев и додаде дека денови се во прашање кога ќе може да се потврди испораката на вакцините во Северна Македонија.

Потенцира дека никаде во светот никој не може со точност да каже кога, кој тип вакцина ќе пристигне.

Процесот на вакцинација против Ковид-19 во државава почна пред две недели, но само на директно изложените здравствени работници во ковид – центрите со пратката од 8000 вакцини на компанијата „Фајзер“, што земјава ги доби од Србија.

Се очекува, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, во првиот квартал да стигнат 20 до 30 илјади вакцини преку Ковакс механизмот, а во тек се разговори за набавка и на вакцини од „Фајзер“.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје од направени 1.208 тестирања регистрирани се нови 234 случаи со Ковид-19.

Починати се седум пациенти, а 274 се оздравени.

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројот на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а на активни случаи изнесува 8.369.

Од вкупниот број активни случаи 3719 се во Скопје. На инфективните оддели во земјата се лекуваат 682 пациенти со Ковид-19 од кои 263 се во Скопје.

Министерството за здравство вчера соопшти дека минатата година се реализирани 446 нови вработувања во јавно-здравствени установи низ државата. Од почетокот на 2020 година, како што посочуваат од Министерството, 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.

– Вложувањата во човечки капитал во здравството не застанаа дури ни во време на пандемија. Пандемијата покажа колку се значајни здравствените работници, тие се столбот на нашето здравство. Со нови вработувања и зголемувањата на платите создаваме услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја. Се залагаме за подобрување на условите во кои истите работат и ги слушаме нивните потреби. Отворени сме за соработка со младите како никогаш досега, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

актуелно кинески вакцини постапка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.