Вчера почина познатиот македонски актер Мите Грозданов, на 75-годишна возраст. Тој најголемиот дел од својата кариера го помина во Драмскиот театар-Скопје, каде работеше од 1967 до 2008 година, до самото пензионирање.
Роден е во Струмица на 14 декември 1943 година.
Во својата 40-годишна професионална актерска кариера одиграл бројни улоги во претстави, меѓу кои во „Партитура за еден Мирон“, „Лисистрата“, „Болен Дојчин“, „Војцек“, „Болва во уво“, „Јане Задрогаз“, „И бол и бес“ , „Цар Едип“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Црнила“, „Сомнително лице“…







