Актерката Жана Моро, една од најпознатите француски филмски ѕвезди, почина на 89-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Моро е веројатно најмногу позната по нејзината улога во филмот на Франсоа Трифо „Жил и Џим“ од 1962 година.
Добитничка е на многу награди, меѓу кои и на наградата за најдобра актерка, која ја доби за „Седум дена … Седум ноќи“ во 1960 година, во Кан.
Соработуваше со Орсон Велс во неколку филмови, а во 1967 година ја доби награда на БАФТА за најдобра странска актерка, за филмот „Вива Марија!“
Жана Моро е пронајдена мртва во својот дом во Париз.








