Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почна со работа леарницата Краунфилд Фаундри во Пробиштип
Економија

Почна со работа леарницата Краунфилд Фаундри во Пробиштип

декември 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Стартуваше со работа леарницата „Краунфилд Фаундри“ во индустриската зона „Неокази“ во Пробиштип.

На пуштањето во употреба на леарницата, во којашто се вработени 58 лица,
присуствуваа премиерот, Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерката за странски инвестиции Апостолска, градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

„Кранфилд Фаундри“ е компанија за производство и обработка на одлеаноци од сиво и нодуларно железо која употребува исклучително само електрична енергија. Во процесот на работа строго е забрането употреба на суровини кои содржат штетни материи, за да може да се испорача производ кој ги задоволува сите стандарди за квалитет, безбедност и заштита на животната средина. Од стартот на работите за комплетирање на елаборатите и за изградба на фабриката до денес се
вложени над 17 милиони евра, односно по конечните проценки близу 20 милиони евра“, вели Заев.

Потенцираше дека со ангажирање на локалните градежни компании, оваа странска компанија овозможи и повисок приход на локалните компании, но и во економскиот раст на општината и на регионот.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев потенцираше дека отварањето нови фабрики е голем празник, а како што рече тоа само гарантира дека луѓето во регионот ќе имаат иднина, којашто ќе биде одржлива.

„Посебно ме радува што станува збор за инвестиција, која не е трудоинтензивна, којашто не запослува многу луѓе со мали плати, туку вработува високо стручни луѓе со високи плати, а притоа нивото на инвестиција е високо“, вели Анѓушев.

Министерката Апостолска истакна дека денеска нашата држава доби уште една странска инвестиција, а производите коишто ќе се произведуваат во неа ќе ги задоволуваат највиските стандарди за квалитет, безбедност и заштита на животната средина, со користење на напредна и современа технологија, а притоа не се ослободуваат издувни гасови и отпадни води.

Главниот извршен менаџер на Краунфилд Фаундри, Дариус Ѕиуба забележа дека во портфолиото на производи влегуваат производство на капаци за шахти, фазонски делови, воздушни вентили и хидранти, елементи за железници и гасоводи, делови за земјоделски и градежни машини, а во блиска иднина ќе произведува и делови за автомобилската индустрија.

„Оваа церемонија е значаен момент за нашиот бизнис и ние исто така веруваме дека ова е важен чекор за развојот на просперитетот на заедницата на Пробиштип. Денешниот настан е прослава на заедничките напори, кои резултираат во една од најмодерните и најеколошки леарници не само во оваа земја, туку и во Европа“, вели Ѕиуба.

Градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов најави дека како општина ќе постават мерни станици, кои ќе утврдат дали има или не загадување од оваа леарница.

Тој најави дека во оваа индустриска зона влегува уште една странска инвестиција, станува збор за англиска компанија за производство на марихуана, но и на козметички производи од неа.

актуелно Краунфилд Фаундри леарница пробиштип
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.