Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почна јавната седница во Апелација за притворот на Мијалков
Судски процеси

Почна јавната седница во Апелација за притворот на Мијалков

март 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, заедно со адвокатите Љупчо Шврговски, Антонио Апостолски, Петар Василев и Миле Петровски присуствува на јавната седница во Апелацискиот суд во Скопје, на која се разгледуваат жалбите за мерката притвор што му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2″.

Од Специјалното јавно обвинителство на седницата присутни се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Адвокатот Шврговски во образложението на жалбата наведе дека определената мерка притвор е сторена со суштествени повреди, како тоа за опасноста од бегство образложена со една реченица. Според одбраната тоа не е дозволиво.

-Во нашата судска пракса не се случило за вакво дело да биде определен притвор со образложение дека против обвинетиот се води друга постапка. Апсурдно е за таков предмет да се одреди притвор и да се направи преседан, истакна Шврговски.

Според адвокатот Миле Петровски, основи врз кои е определен притвор не постојат.

„Судот знаеше дека обвинетиот беше спроведен од куќен притвор и според закон остануваше само еден основ што укажува на можно бегатво. Причина дека ќе се даде во бегство, бидејќи против него се водат и други постапки не може да биде. Во недостаток на докази за причини за опасност од бегство беше истакнат имотот и тоа што извршувал висока функција. Нема ниту една причина да се тврди дека постои опасност од бегство по изрекување на пресудата, истакна Петровски.

Бранителот Петар Василев рече дека постои правен апсурд, така што неовластениот тужител не образложи зошто е неопходен притворот.

„Одбраната не е виновна што неовластениот обвинител поднел обвинение 25 дена по законскиот рок за поднесување на обвинителен акт, изјави Василевски.

Во првостепената пресудата за „Титаник 2“ Мијалков е осуден на три години затвор, Мендух Тачи на три години и два месеци, Бедредин Ибраими на четири години и шест месеци, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Судот го прифати барањето на СЈО и им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин  Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. Обвинителите побараа притвор поради опасност од бегство.

Според обвинението од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

актуелно јавна расправа Мијалков суд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.