Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почнува „Галичка свадба 2017“
Настани

Почнува „Галичка свадба 2017“

јули 15, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Скопјаните со галичко потекло, Тања Чаловска и Бошко Лепчевски, ќе бидат младоженци на „Галичка свадба 2017“ која ќе одржува овој викенд. Триесет и едногодишниот правник и 28-годишната економистка се запознале пред седум години токму во Галичник каде што утре ќе бидат и венчани во црквата „Св. Петар и Павле“.

По подолго време се случува на Галичка свадба свајцата младенци да имаат потекло од Галичник. Свадбарските обичаи им се познати зошто со нивните родители секое лето учестувале на оваа манифестација.

„Веќе 15 години учествував на Галичката свадба и имав желба да бидам невеста. Остварувањето на мојот сон е тоа што ќе ја продолжам традицијата на моите предци“, рече на прес-конференцијата, Чаловска, која на свадбата ќе носи фамилијарна носија стара еден век и необлечена повеќе од 50 години. Носијата сосе историски вредниот накит што ќе ги носи ќе тежат околу 25 килограми.

Младоженецот Лепчевски, исто така, нагласи дека е задоволство и чест да се продолжи вековната традиција на обичаи и песно, како што рече, едно библиско место како што е Галичник.

Свадбата ќе почне вечер во 19:30 часот, со китење, редење на бајракот и фрлање пушка, а утре наутро во 9 часот ќе продолжат обичаите меѓу кои централен настан ќе биде нивната венчавка во црквата „Св. Петар и Павле“.

Александар Костиќ, претседател на Месната заедница Галичник, соопшти дека на свадбата ќе учествуваат 150 лица облечени во галички носии, ќе има десетици коњи, а свадбарските обичаи и ора, меѓу кои и „Тешкото“, ќе се одржуваат во автентични куќи и на повеќе од десет локации на оддалеченост од 2-3 километри.

„Во недела, 16 јули, во Галичник очекуваме повеќе илјади туристи. Ќе биде организиран посебен собраќаен режим. Посетителите своите возила ќе може да ги оставаат фудбалското игралиште близу Галичник, а потоа со организиран превоз со комбиња ќе бидат превезени до влезот на Галичник“, рече Костиќ.

Со Галичката свадба ќе биде отворено и годишното Галичко културно лето, во чии рамки се 24. Галичка книжена колинија во организација на Здружението „Галикул“ на која ќе учествуваат домашни и странски писатели, како и 28. Галичка ликовна колонија на која гости ќе бидат осум учесници од Израел, Индија, Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Косово и Бугарија.

Галичката свадба е поддржана од Министерството за култура. Таа е своевиден театар на отворено, а ја слави и чува традицијата од минатото поврзана со Петровден и свадбите кои на тој празник ги правеле печалбарите од мијачкиот крај.

актуелно Бошко Лепчевски Галичка свадба Тања Чаловска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.