Руската фрегата „Адмирал Горшков“, која претходно, на почетокот на јуни, отплови кон Куба, изведе вежби во Атлантскиот Океан барајќи подморници со помош на хеликоптер, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Екипажот на хеликоптерот „вежбаше тактички техники за пребарување и следење на подморници во Атлантскиот Океан“, соопшти Министерството на „Телеграм“.
На оддалеченост поголема од 50 километри од бродот, пилотите изведоа низа мерки во потрага по подморници, додаваат од руското министерство.
Остварени биле вкупно пет слетувања на палубата на бродот.
Фрегатата „Адмирал Горшков“ и подморницата на нуклеарен погон „Казан“ на 12 јуни впловија во пристаништето во Хавана, откако одржаа обука за ракување со „високопрецизно ракетно оружје“ во Атлантскиот Океан.
(Фото: Адалберто Рокве / АФП)







