Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Прашки самит, европска зима и македонски очекувања
Македонија

Прашки самит, европска зима и македонски очекувања

октомври 5, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иако идејата за Европска политичка заедница отвори многу прашања, нема дилеми дека Македонија утре треба да биде на иста маса со нејзините пријатели.

Не е организација, не е формална заедница, а не е ни замислена да биде замена за полноправно членство во Европската унија.

Тогаш, што е Европската политичка заедница, чиј прв самит ќе се одржи утре во Прага?

Форум – засега е неутралниот збор со кој се ословува реализацијата на неодамнешната идеја на францускиот претседател, Емануел Макрон, кој прв го лансираше терминот „Европска политичка заедница”.

Како што тогаш беше најавено, целта е дa се создаде формат во кој би комуницирале сите земји од континентот кои сакаат да делат заеднички вредности и интереси: не само оние кои се членки на Унијата, туку и оние кои сакаат да бидат, па и оние кои ја напуштиле, како Велика Британија.

Токму затоа, на утрешниот самит во Чешка – земјата актуелен претседавач со Советот на ЕУ, покрај 27-те земји членки на ЕУ, поканети се уште 17 други држави, меѓу кои Велика Британија, Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Турција, Украина, Молдавија, Грузија, Ерменија, Азербејџан и шесте земји од Западен Балкан. Делегацијата на Македонија ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски.

Бидејќи во деновите пред самитот повеќе се зборуваше „што нема да биде Европската политичка заедница“, отколку „што ќе биде“, помеѓу остана прашањето – има ли овој форум јасна цел?

Имајќи го предвид времето во кое се случува – војната во Украина, растечката енергетска и економска криза чии последици ги чувствуваат сите земји, се оценува дека конструктивните разговори во една нестабилна ситуација ќе бидат и повеќе од позитивна порака.

На иста маса со пријателите

Во услови кога проширувањето на ЕУ не се движи со посакуваната динамика, некои земји во изминатиот период изразуваа стравувања дека овој формат може да прерасне во заден двор каде ќе имаат земјите кандидати за членство во Унијата и дека Брисел на овој начин само си обезбедува помошна платформа преку која ќе го одржува влијанието врз нив.

Но, од ЕУ во повеќе наврати стигнуваат јасни пораки дека Европската политичка заедница не е, и не може да биде замена за членство во Унијата. Клучната предност од оваа иницијатива е што земјите кои сѐ уште не се членки на Унијата ќе имаат канал за постојано присуство, увид и дискусија на највисоко ниво со челниците на ЕУ, за сите прашања од заеднички интерес.

Од тој аспект, за домашни аналитичари нема дилема дека Македонија треба да биде на масата на овој самит.

„Првиот Самит на Европската политичка заедница е можеби една од најзначајните политички одредници за иднината, од почетокот на оваа деценија на европскиот континент“, оценува амбасадорот Тихомир Илиевски, кој се осврнува и на моментот во кој се одржува самитот.

„Се одржува во ‘климаксот’ на затегнатите политичко-безбедносни и економски односи на континентот, незапамтена состојба на тлото на Европа по Втората Светска војна. Решение за војната во Украина ни треба што поскоро, а и драматичната енергетско-економска криза на континентот нѐ притиска сите на прагот на зимата. Иницијативата отвора можност да се разговара за модалитетите што ке ги зајакнат дијалогот и соработката на ЕУ и земјите кои не се членки на ЕУ кон повисоки цели и идни решенија од интерес на сите жители на Европа. И повеќе од тоа, ова е политички обид да се засили безбедноста, стабилноста и да се отворат просперитетни перспективи за сите земји и народи, зашто никој не може да оспори дека делиме иста судбина на тлото на стариот континент“, вели Илиевски.

Тој оценува дека Македонија има добра можност да ја искористи таа шанса за да ги понуди своите видувања и вредности на патот кон овие цели.

„Затоа е исклучително важно да бидеме таму со нашите пријатели. Да не заборавиме, заедно со нас во Прага ќе биде и една Велика Британија, која, колку што сум информиран, веќе се залага да биде домаќин на вториот собир во ваков формат. Самитот во Прага е можност да ги подигнеме на највисоко ниво и нашите аргументи пред актуелното Чешко претседателство со Советот на Европската Унија, но и пред наредното, на Шведска, затоа што во текот на овие две претседавања ќе се случуваат многу значајни настани на патот на прогресот на нашата држава кон полноправното членство во ЕУ“, оценува Илиевски, и верува дека може да очекуваме интересни и добри вести за нас од тој врвен политички собир.

Смоквин лист?

Мирот, европската безбедност, геополитичките предизвици, енергeтската криза, цените на гасот, оштетувањата на гасоводите во Балтичко Море, солидарноста и синџирите за снабдување со енергенси, ќе бидат главните теми на самитот во Прага.

Тоа е можност и македонските претставници да ја презентираат потребата од внесување на Македонија во европските политики на субвенционирање поради негативните ефекти од енергетската криза, тема на која претседателот Стево Пендаровски минатиот викенд веќе разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и со бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија.

„Новата платформа има потенцијал да го олесни дијалогот и да создаде можности за поефективна координација на напорите за постигнување на стабилност, безбедност и просперитет, како во рамките на ЕУ, така и со државите во соседство“, оцени Радев во разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, во рамки на подготовката на самитот во Прага.

На замислата на Макрон за стабилизирање на соседството преку форматот на Европската политичка заедница, се осврнува Пјотр Бурас, шеф на варшавската канцеларија на Европскиот совет за надворешна политика, во колумна за бугарски „Дневник“.

„За да одговори на таа фундаментална потреба и да го ‘стабилизира соседството’, како што рече Макрон, ЕУ ќе мора да направи многу повеќе отколку да создаде нова конференција на шефови на држави. Таа мора да предложи долгорочна визија за интеграција со Европа, вклучително и целосен пристап до четирите слободи на ЕУ, веднаш штом ќе ги исполнат критериумите (…) Живееме во бурни времиња и лидерите на ЕУ мора да направат сѐ што е можно за да испратат позитивен сигнал од самитот во Прага. Но, без повеќе напори за обезбедување кредибилитет и енергија во процесот на проширување, Европската политичка заедница нема да биде нешто повеќе од смоквин лист, кој ќе ги покрива геополитичките тешкотии на ЕУ”, оценува Бурас.

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: Дојче Веле)

актуелно Европска унија македонија Прага самит Чешка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.