Потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија е добар прв чекор за подобрување на односите меѓу двете земји, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов.
Во интервју за бугарската национална телевизија, прванов посочи дека треба да ѝ се помогне на Македонија да влезе во ЕУ и НАТО пред сè поради стабилност на земјата и регионот, но и дека од еднаква важност е Бугарија да ги реши сопствените проблеми со Македонија околу прашањето за заедничката историја.
„Скептик сум дали договорот ќе го реши проблемот, но тој е навистина неопходен и треба да биде потпишан.
Прашањето е друго, ние нема да го решиме проблемот со еден договор, нема да ги намалиме тензиите.
За тоа ни требаат години, децении работа. Ни треба јавен политички консензус а тоа се создава со многу контакти и со многу дијалог, “ изјави Прванов.







