Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Прв Состанок на националниот совет за интегрирано гранично управување
Македонија

Прв Состанок на националниот совет за интегрирано гранично управување

јуни 30, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска, во Владата на Република Северна Македонија беше одржан Првиот Состанок на Националниот Совет за интегрирано гранично управување, формиран со Одлука на Влада на Република Северна Македонија, на седница одржана на 9 март 2023 г.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во својство на Претседавач со Советот имаше свое воведно обраќање, по што следеше претставување на присутните членови на Советот, како и презентација за преземени активности и предлози со рок на имплементација од страна на д-р Владимир Пивоваров, Национален координатор за гранично управување.

Министерот Спасовски, во својство на Претседавач со Советот, во своето обраќање  пред членовите на  Советот рече: „Со оглед дека ова е наш прв состанок, би сакал да ве запознаам со работите во надлежност на Советот  меѓу кои би ги потенцирал: системскиот мониторинг и координација на имплементацијата на Националната стратегија за интегрирано гранично управување 2021-2025 и соодветниот Акциски План, разгледување на сите предизвици во областа на интегрираното гранично управување, предлагање  конкретни мерки за подобрување на имплементацијата на Стратегијата и Акцискиот План, идентификување на приоритети во областа на интегрираното гранично управување, укажување на потребата од обезбедување средства за имплементација на Стратегијата и Акцискиот план, предлагање на Владата на Република Северна Македонија материјали за разгледување и усвојување поврзани со интегрираното гранично управување, координирање на имплементацијата на Стратегијата и Акцискиот план со соседните земји и други координативни тела во регионот и следење на работата на Меѓуресорската експертска група за интегрирано гранично управување”, информираше министерот Спасовски.

Истакнувајќи дека Република Северна Македонија го има прифатено концептот на интегрираното гранично управување (ИГУ) како национален модел уште во 2002 година, Спасовски рече дека истиот во изминатиов период постојано се надоградуваше и развиваше преку имплементацијата на националните стратегии за ИГУ кои во континуитет се надоврзуваа една на друга.

„Националната стратегија за ИГУ 2021-2025 и соодветниот Акциски план се усвоени од Владата на Република Северна Македонија на 19-та седница одржана на 02 март 2022 г., изготвени од страна на Министерството за внатрешни работи – гранична полиција, во соработка со Националниот координативен центар за гранично управување, Министерството за финансии – Царинска Управа и останатите надлежни институции вклучени во националниот систем за интегрирано гранично управување”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека овие стратешки документи се усогласени со постоечката национална стратешка рамка и основните стратешки документи, со акцент на Програмата за работа на Владата 2021-2024 и се во функција на исполнување на планираните активности во рамки на процесот на пристапување кон Европската Унија.

„Неспорно е дека натамошното развивање на националниот систем за  ИГУ, согласно европските стандарди, ќе ја подобри националната гранична безбедност и истовремено ќе овозможи поефикасен заеднички пристап и координирано справување со сегашните и идните закани по националната гранична безбедност и европската гранична безбедност во целина, а тоа се пред се тероризмот, илегалната миграција, корупцијата и други облици на организиран криминал”, потенцираше   министерот Спасовски.

 

актуелно прв совет за интегрирано гранично управување состанок
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.