– Коалицијата предводена од ВМРОДПМНЕ во рамки на изборната кампања „Создади нова иднина“ вечерва одржува предизборен митинг во Струмица каде пред граѓаните ги претставуваат својата програма, кандидатот за градоначалник и советничката листа.
На митингот ќе се обратат кандидатот за градоначалник на Струмица Жан Дрвошанов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Претходно претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беа на средби со граѓаните во Конче и во Радовиш.







