Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Преку 100 организации низ целиот свет бараат ново човеково право – на здрава Планета
Македонија

Преку 100 организации низ целиот свет бараат ново човеково право – на здрава Планета

јули 23, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Секој има право на здрава Планета, е глобалната кампања што ја покренаа повеќе од 100 граѓански организации низ целиот свет. Тие бараат од Обединетите нации да се воведе нов член во Универзалната декларација на човекови права за да се осигури универзално право на здрава природна средина.

Кон ваквата иницијатива се приклучи и Македонско еколошко друштво (МЕД).

-Доколку ја потпишете оваа петиција ни овозможувате да бараме од нашите претставници во Обединетите нации да ја поддржат оваа иницијатива. Вашиот глас овозможува подобра основа за борба со климатските промени и загадувањето, подоследно применување на националните закони од областа на заштита на животната средина и посуштинско информирање и образование за оваа тема, наведува МЕД, посочувајќи го линкот до петицијата: http://mes.org.mk/zhivot-na-zdrava-planeta-treba-da-bide-chovekovo-pravo/

Доколку граѓанските организации ширум светот успеат во иницијативата, ова ќе биде првиот амандман кон Декларацијата од нејзиното воспоставување во 1948 година.

Според заменик-директорот на Македонско еколошко друштво, Методија Велевски, ниту една држава, односно нејзините граѓани, не можат целосно да се изборат за ова право настапувајќи самостојно.

– Како еколошка организација, нам ни е драго дека нашиот устав го гарантира правото на секој граѓанин на здрава животна средина. Од друга страна, сведоци сме дека тоа е гаранција која тешко се исполнува. Затоа ни е јасно дека ниту една држава, односно нејзините граѓани, не можат целосно да се изборат за ова право настапувајќи самостојно. Природата, животната средина – тие немаат граници, и сè додека нивната заштита не стане цел на сите граѓани на планетата, човештвото ќе се соочува со зголемен ризик од влошување на условите за живот. Во таква состојба, гарантирањето и исполнувањето на гаранциите за здрава животна средина, како основно човеково право, мора да ги надрасне државните граници. Затоа, и вас ве повикуваме да учествувате во оваа глобална кампања, да помогнете правото на здрава планета да биде универзално право“, изјави Велевски, по повод почетокот на оваа глобална кампања, вели Велевски.

Кампањата #1Planet1Right (Една Планета – едно право) е посветена на воспоставувањето ново универзално човеково право, правото на здрава природна средина. Кампањата ја води најголемото светско партнерство на организации за зачувување на природата, BirdLife International заедно со други граѓански организации како ClientEarth и Глобалниот пакт за животна средина.

Специјалниот известувач од ОН за човекови права и животна средина, Дејвид Бојд, исто така ја поддржа кампањата. Кампањата испрати и писмо до Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации на Денот на планетата Земја и побара воведување на ова човеково право. Лансирањето на глобалната петиција е дополнителен притисок врз ОН да го разгледа барањето.

Кампањата #1Planet1Right ги повикува Обединетите нации да гласаат правото на здрава природна средина да биде дискутирано во Советот за човекови права, во Генералното собрание на ОН, и како итна тема да се постави на Самитот на ОН за биолошка разновидност во средината на септември 2020, со цел ова право и конечно да се вклучи во Универзалната декларација на човекови права до 2023 година.

Според Светската здравствена организација, 23 отсто од смртните случаи во светот се поврзани со загадување или уништување на нашата природна средина, а стотици милиони луѓе страдаат од болести поврзани со нездрава животна средина. Проблемот со КОВИД-19 е вкоренет во загубата на живеалишта и нелегалната трговија со диви животни. Ова ново човеково право може да овозможи глобално зелено заздравување, кое на светот му е потребно по пандемијата.

Специјалниот известувач од ОН, Бојд, смета дека правото на здрава планета, како универзално признаено човеково право, би било силна алатка во битката за спасување на нашиот живот на планетата.

-Осигуреното право на здрава природна средина е она што им овозможува на многу држави во светот да напредуваат. Затоа сега треба да го искористиме налетот на глобалните еколошки кризи за да ги убедиме Обединетите нации дека признавањето на ова право ќе биде од корист за сите нас. Човековото право на здрава планета, ако се признае од страна на сите нации, ќе биде едно од најважните човекови права во 21. век, истакнува Бојд.

Извршната директорка на BirdLife International, Патриција Зурита е на ставот дека здравјето на нашата планета е наше здравје.

-Ако нашата планета е болна и ние сме болни. Нашата планета никогаш не била поболна од сега. Опстанокот на човештвото е веќе загрозено од климатските промени, кризата со загуба на биолошката разновидност и пандемија која нè бутка чекор поблизу до работ. За да направиме трансформација и да го спасиме нашето општество, почетната точка мора да биде еднаква појдовна точка за сите – право на здрава планета за сите, подвлекува Зурита.

Според Светската здравствена организација, 12,6 милиони смртни случаи секоја година се предизвикани од нездрава животна средина: воздушно загадување, неадекватно управување со вода и влијанието од климатските промени.

актуелно здрава планета човекови права
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.