„Премиерот Зоран Заев денеска ќе се појави на суд за случајот „Поткуп“. Заев, првпат како премиер, треба да се појави во судскиот процес во кој е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар за градежно земјиште во Струмица.
На последното рочиште одбраната на Заев побара препис на доказите од предметот. Судијката Дијана Груевска Илиевска дозволи Заев и неговите адвокати да извршат увид и препис на доказите.
Таа го задолжи Обвинителството да ги достави доказите со цел адвокатите да можат да подготват одбрана и да биде изнесен обвинителниот акт и воведните обраќања на Заев и адвокатите.