Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пресуда за „Софтвери“: Осум години затвор за Рашковски
Судски процеси

Пресуда за „Софтвери“: Осум години затвор за Рашковски

јули 6, 2023Updated:јули 6, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Судскиот совет со кој претседаваше судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска во Кривичниот суд во Скопје денеска му изрече осумгодишна казна затвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, првообвинет во случајот „Софтвери“, заради злоупотреба на службената положба и овластување, перење пари и фалсификување исправа.

Затворски казни добија и другите шестмина обвинети во случајов.

Игор Христов доби пет години и шест месеци, Ивица Димитровски пет години, Даниел Станчев – четири, Ирена Ивановска три години и шест месеци, и Игор Ивановски и Маја Силјановска по три години.

Пресудата не е правосилна и осудените имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

Случајот „Софтвери“ се однесува на тендери распишани од Генералниот секретаријат на Владата во времето на Рашковски и опфаќа четири набавки – на систем за биометриска идентификација, софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, АНПР-камери за препознавање на регистарски таблички за возила, набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и на систем за автоматско препознавање на регистарски таблички. Дел од обвинението се и исплата на хонорари.

Застапниците на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во завршните зборови побараа затворска казна за Рашковски и забрана да биде универзитетски професор, но затворски казни и за останатите обвинети.

Рашковски и останатите обвинети, пак, во завршните зборови велеа дека очекуваат ослободителна пресуда затоа што, според нив, Обвинителството не успеало да докаже ниту една од своите теории.

Денешната пресуда доаѓа откако пред нешто повеќе од две години, во март 2021 година, „360 степени“ го отвори случајот во јавноста. Генералниот секретаријат на Владата, информираше „360 степени“ купил софтвер за сообраќајни прекршоци вреден 81.000 евра, иако ниедна институција ниту го барала, ниту го користела, како и дека пред да го купи, како генерален секретар на Владата, тој лично регистрирал таков патент.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во април отвори истрага, а потоа, на 8 октомври 2021 година беше поднесено обвинение против Рашковски и шест други лица, а Кривичен на 29 декември истата година во целост во прифати обвинението, по што следуваше судскиот процес кој денеска заврши.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: „360 степени“)

актуелно Драги Рашковски затвор Софтвери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.