Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе биде пооблачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните од 26 до 34 степени.
До петок во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер, кој ќе продолжи и в сабота и ќе услови значително опаѓање на температурата во наредните денови.
За време на викендот, според прогнозата на УХМР, ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд.







