Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Привршуваат подготовките за посетата на папата Франциск
Скопје

Привршуваат подготовките за посетата на папата Франциск

мај 4, 2019Updated:мај 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Привршуваат подготовките за посетата на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, на Република Северна Македонија на 7 мај.

Се уредуваат локациите во Скопје, каде што ќе престојува папата, а веќе се поделени и билетите за присуство на Светата литугија на централниот скопски плоштад.

Папата Франциск, според најавата, треба да пристигне на Аеродромот Скопје во вторник во раните утрински часови, по што ќе се упати во претседателската Вила Водно, каде ќе се одржи официјална церемонија, а тој ќе има обраќање пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор. Папата потоа ќе има средба и со верските лидери во Спoмен куќата на Мајка Тереза.

На плоштадот „Македонија“ поглаварот на Римокатоличката црква ќе отслужи Света литургија на која се очекуваат да присуствуваат 15.000 луѓе кои обезбедиле бесплатни билети кои можеа да се подигнат до вчера.

По литургијата папата ќе одржи Екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

За време на Апостолската посета на папата Франциск, на територијата на град Скопје ќе важат посебни правила за движење на автомобили и на пешаците низ Скопје.

Движењето во централното градско подрачје, за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона. Пристапот за моторни возила, велосипеди, мопеди и слично е забранет во обезбедената зона. Сите граѓани кои ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6 чaсот до 19 часот на 7 мај, ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносна проверка.

Во зоната ќе се пристапува преку девет влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карта или пасош. Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон плоштадот „Македонија“:

Во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, од 6 часот до 19 часот ќе има ограничување на сообраќајот и тој ќе биде пренасочен на сообраќајниците околу Центарот на Скопје, со цел негово непречено одвивање.

Во временските интервали од 07:30 часот до 9 часот, како и од 17 часот до 18.30 часот, сообраќајот по бул.„Александар Македонски“ од Автокоманда кон Аеродромот Скопје ќе биде затворен во двете насоки и ќе биде пренасочен по споредни сообраќајници.

На патниот правец Велес – Скопје, во овој временски интервал, сообраќајот за влез и излез од Скопје ќе се одвива преку трасата Миладиновци – Идризово – Маџари.

На патниот правец Куманово – Скопје, на клучката кај селото Миладиновци, сообраќајот ќе се пренасочува кон Обиколницата на Скопје, на која прв дозволен влез во градот Скопје ќе биде на клучката кај Радишани.

На автопатот А1, делница Куманово – Велес ќе има краткотраен застој на сообраќајот, во двата посочени временски интервали.

Надлежните апелираат до граѓаните за време на посетата на папата да ги почитуваат воспоставените безбедносни и сообраќајни мерки.

актуелно Папа подготовки посета скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.