Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон официјално титулирани како принц и принцеза од Велс
Џет-Сет

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон официјално титулирани како принц и принцеза од Велс

март 10, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 Британскиот принц Вилијам и принцезата Кетрин – Кејт Мидлтон, се и официјално титулирани како принцот и принцезата од Велс. Иако тие титули беа објавени од кралот Чарлс Трети уште во септември 2022 година, поточно ден по смртта на покојната кралица Елизабета Втора, тие досега не беа официјализирани.

„Во согласност со насоките на Неговото височество, кралот, Писмата за патент го минаа Големиот печат на Кралството, датиран на 13 февруари 2023 година, за востановувањето на Неговото кралско височество, принц Вилијам Артур Филип Луис, војвода на Корнвол Ротези и Кембриџ, ерл на Керик и Стратерн, барон на Ренфрју, барон Керикфергус, К.Г., К.Т., лорд на Островите и принц и голем стјуарт на Шкотска, принц на Велс и ерл на Честер“. Тоа е сега целосната официјална титула на принцот Вилијам, според „Газет“, официјалното државно гласило на Обединетото Кралство.

Според кралската традиција, Писмата за патент се „отворен документ од суверенот, кој може да се користи за изразување на волјата на суверенот, на пр. за да се додели канцеларија или да се создаде нов партнер“.

Така, сега принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин Мидлтон официјално ќе бидат нарекувани и војводата и војвотката од Корнвол и Кембриџ, и принцот и принцезата од Велс.

Сепак, познавачите ќе забележат дека на неколку членови на кралското семејство сè уште не им се потврдени нивните нови титули. Тоа се секако, принцот Арчи и принцезата Лилибет, т.е. тригодишниот син и едногодишната ќерка на принцот Хари и Меган Маркл, бидејќи официјалната страница на кралското семејство сè уште ги наведува како господар Арчи Маунтбатен-Виндзор и госпоѓица Лилибет Маунтбатен-Виндзор, без споменување на титулите принц и принцеза.

Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, според западни медиуми, се чини, се деградирани – бидејќи на официјалната страница, нивната позиција во рубриката „Членови на кралското семејство“ сега е под онаа на принцот Едвард, неговата сопруга Софи, грофицата од Весекс и принцезата Ана.

 

 

 

МИА

Велс меган принц принцезза Хари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Австралиската актерка Вилсон на суд поради тужба за клевета

април 21, 2026

Продолжува претресот во домот на поранешниот британски принц Ендрју по обвиненијата за поврзаност со Епстин

февруари 20, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.