Во судар на воз со службено возило на МВР на преминот Маџари во Скопје, изутрината загина полицискиот службеник А.Б. од Полициската станица Гази Баба, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
„Товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје утрово во 5:50 минути удрил во возило „фолксваген венто“ сопственост на МВР, а управувано од А.Б. полициски службеник во Полициската станица Гази Баба кој починал на лице место, информираат од МВР.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје кој врши увид на местото на несреќата.







