Судијата на претходна постапка им одреди мрека пртивор од по 30 дена на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
Јанакиески и Ристовски се осомничени за организирање на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.
Притвор, според сеуште непотвердени извори, е побаран и за одметнатиот Никола Груевски за кого, наводно, ќе биде проширено барањето за екстрадиција и за овој предмет.
Вечерва на распит беше и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. И тој се сомничи дека бил организатор на упадот.
Вељановски се повикал на пратеничкиот имунитет и го напушти судот.
Неофицијално, утре ќе биде доставено решение до Собранието за да му се одземе имунитетот.
Меѓу осомничените за случајот е и Никола Бошкоски којшто во моментов е во Грција.







