Хрватите не можат да уживаат во победата против Нигерија (2:0) на стартот на СП во Русија. Причина за тоа се проблемите внатре во самата екипа и одлуката на селекторот Златко Далиќ да го врати дома Никола Калиниќ.
Хрватските медиуми пренесуваат дека Мундијалот за тој напаѓач е завршен затоа што одбил да влезе во игра пет минути пред крајот на премиерниот натпревар во Русија, со оправдување дека го боли грбот.
„Златко Далиќ после натпреварот со Нигерија рече дека нема повредени, освен некој мал „проблем“, но најверојатно станува збор за сериозен проблем, а селекторот го решил на тој начин што го испратил Калиниќ за Хрватска“, пишува интернет порталот „24часа.хр“
иако информацијата сеуште не е официјално потврдена, хрватската јавност очекува дека тоа ќе се случи на конференцијата за медиуми која е закажана за денеска попладне







