Веб-страница Have I Been Pwned веќе подолго време нуди пребарување на речиси четири милијарди и-меил адреси кои што биле компромитирани, односно кои што се нашле во базите на податоци кои хакерите во разни неовластени упади во системите успеале да ги соберат, понекогаш и заедно со нивните лозинки.
Се што треба да направите за да проверите дали вашата електронска адреса некогаш паднала во рацете на хакерите е да ја напишете во пребарувачот на овој сајт.
Овој сајт нуди и пребарување на украдени или на друг начин компромитирани лозинки. На оваа страница може на ист начин да ја внесете лозинката, а услугата ќе ја пребара базата од преку 306 милиони записи и ќе открие дали вашата лозинка е меѓу нив. На ист начин можете да проверите и колку, во моментов, лозинката ви е безбедна – затоа што, ако се најде некоја комбинација на знаци меѓу милионите украдени далеку е поверојатно дека би можела да биде „пробиена“ со „dictionary attack“ методата.







