Реформите спроведени после големата финансиска криза го зајакнаа финансискиот систем, а не го попречија економскиот раст, и евентуалните измени на прописите треба да бидат умерени, рече денеска гувернерката на САД, Џенет Јелен.
„Гледано во целина, истражувањата упатуваат на заклучокот дека клучните реформи што ги спроведовме значително ја зајакнаа отпорноста, а паралелно не ја ограничија достапноста на кредитите, ниту економскиот раст“, истакна Јелен на неормалниот годишен собир во Џексон Хол.
Одредени промени на одделни прописи можеби се оправдани, посочила Јелен, одвојувајќи пример на можно ублажување на таканаречениот Волскеров пропис, со кој се ограничува банковното тргување со акции.
Исто така, ја спомена и можноста за дополнително ублажување на прописите кои се однесуваат на средните и малите банки
Општо земено, евентуалното прилагодување на регулаторната рамка треба да биде умерено и да се зачува подобрената отпорноста на финансискиот систем, кој, според нејзините зборови, сега може подобро да се справи со евентуални шокови.
Во говорот, меѓутоа, Јелен воопшто не ја спомена монетарната политика.
Нејзините зборови претставуваат силна порака до Конгресот и Белата куќа, која побара ублажување на одредени прописи во склоп на законот на Дод и Френк и некои други прописи, тврдејќи дека го попречуваат економскиот раст.
Потребни се можеби одредени чекори за подобрување на ликвидноста на одредени делови на пазарот на обврзници, иако системот се уште е „робусен“
За промени се залага и вицегувернерот на американската централна банка за регулаторни прашања, Рендал Кварлес, кој на таа должност беше именуван од претседателот Доналд Трамп.
Јелен, пак, истакнува дека ниту таа, ниту другите официјални претставници на Фед не се против тоа да се прават анализи како функционираат прописите во пракса, ниту се против „разгледување на соодветни прилагодувања“.
Таа, сепак, предупреди дека не треба да се заборави што се случило пред десет години.
„Кај некои сеќавањето на тоа искуство можеби веќе бледее, сеќавањето на високата цена на финансиската криза“, нагласи американската гувернерка во говорот во Џексон Хол.
Стабилноста на сегашниот систем заштитува од повторување на кризата, утврди таа, а надворешните аналитичари забележуваат дека исто така им овозможува на централните банки да ги задржат клучните каматни стапки на пониски нивоа, наместо да се грижат за тоа како тие влијаат на финансиските пазари.
Јелен потсетува дека промените на регулативата во целост гледано им овозможиле на банките и на економијата да застанат на нозе.
Реформите после кризата „резултираа со обновен раст на кредитирање и профитабилност на американските банки“, предупреди гувернерката на САД.
“Значителното негативно влијание на регулативите на капиталот врз пошироките показатели за кредитирање не е видливо на прв поглед“, заклучи таа.








