Камена фигура од 14 век која многу потсетува на ликот на претседателот на САД, Доналд Трамп, е пронајдена во катедрала во Англија.
Уметничкото дело старо 700 години се наоѓа во Саутвел Министер Катедралата во Нотингемшајер.
Наизглед тоа делува како да носи фризура како таа на Трамп, а првпат привлече внимание кога новинарската Самира
Ахмед постави слики на својот Твитер профил.
„Двојникот“ на Трамп се наоѓа меѓу 280 чудни и комични фигури во катедралата.








