Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Протести во Полска поради праксата на лекарите да извршат легални абортуси
СВЕТ

Протести во Полска поради праксата на лекарите да извршат легални абортуси

јуни 15, 2023Updated:јуни 15, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во околу 70 полски градови и неколку европски престолнини илјадници Полјачки протестираа под мотото „Ниту една повеќе“ поради рестриктивниот закон за абортус.

Протестите се организирани по смртта на пет бремени жени од сепса во болница поради праксата на полските лекари да не ја спасуваат мајката со прекин на бременоста, туку се чека прво да почине плодот.

„Дорота од Нови Тарг повеќе не е жива бидејќи полските закони против абортусот убиваат и ги претвораат лекарите во политички службеници наместо во здравствени експерти. Уште колку пати ќе пишуваме на транспарентите „Јас не сум инкубатор“? Колку сопрузи ќе ги губат жените? Зарем малку умревме? Престанете да не убивате“, велат организаторите на здружението Полски штрајк на жените.

Во Варшава на протестот беа прочитани приказните за пет бремени Полјачки кои завршија во болница во последните две години.

Единственото нешто што ја спасило шестата трудница кога почнала да се чувствува лошо е тоа што стапила во контакт со независната полска телевизија ТВН24, а потоа лекарите ја прекинале бременоста, плашејќи се од скандал.

„Убијци“, „Сакаме лекари, а не мисионери“, „Ниту една повеќе“, „Престани да убиваш“ скандираа Полјачки во Варшава, Краков, Вроцлав, Лоѓ, но и во Нови Тарг, каде почина 33-годишната Дорота.

Во Варшава, активистите на ултра-католичките организации организираа контрапротест и поставија постери против абортусот и гласно се молеа.

Владејачката конзервативната партија Право и Правда, која го заостри веќе рестриктивниот Закон за абортус и поради кој полските жени се плашат да забременат во својата татковина, негираат каква било вина за атмосферата во која полските лекари се плашат легално да ја прекинат бременоста затоа што некој може да обвини нив и ги тужи.

„Во Полска е дозволен абортус. Животот и здравјето на жената се на прво место. Добив информација од Министерството за здравство дека имало смртни случаи во такви случаи дури и додека опозицијата беше на власт, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки без да наведе никаква статистика.

Лидерот на владејачките конзервативци во Полска, Јарослав Качински изјави дека сето тоа беше голема измама и пропагандна злоупотреба.

„Никаде во законот нема збор за случај кога е загрозен животот или здравјето на бремена жена. Таму ништо не е сменето, наведе Качински за одлуката на Уставниот суд од 2020 година, според која жените се принудени да ја носат својата бременост и кога фетусот е сериозно оштетен или бебето ќе умре по раѓањето во страдање и болка.

Додека полскиот министер за здравство, Адам Њеџелски денеска информираше дека е формирана нова работна група во која првпат ќе има жени, а не само мажи, која треба да прецизира како лекарите да дејствуваат во случаи на сепса за да го спасат животот на мајката.

Полската католичка црква и активистите на католичките организации се обидуваат целосно да го забранат абортусот во Полска, а владејачката партија ги исполни со забрана за прекинување на бременоста во случај на сериозно оштетување или болест на фетусот, оставајќи само две правни опции: кога е загрозен животот или здравјето на трудницата или кога бременоста е резултат на кривично дело – силување или инцест.

 

 

 

Фото: Лого

абортус актуелно Полска протест
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.