На социјалните мрежи се споделува повик за протест како реакција на судската постапка за смртта на малиот Алмир од Куманово кој е закажан во 13 часот пред Владата.
„Ве очекуваме на протестот за да го искажете вашиот револт кон судската мафија. Донесете со себе играчка, парче облека или што и да е што ви е најмило од вашето дете или внуче.
„Протестот ќе биде мирен затоа што ќе има многу мајки и деца“, повикуваат организаторите на протестот.
Министерот за правда Билен Саљији вчера поднесе оставка од функцијата министер за правда поради, како што образложи, разнишаната доверба во судството по одлуката за преквалификување на обвинението во случајот на малиот Алмир.







