Убедлива победа со 3:0 забележа Пари СенЖермен синоќа на дуелот со Нант одигра на „Паркот на принцовите“ и се пласира во финалето на фудбалскиот Куп на Франција.
Марко Верати, Килијан Мбапе и Дани Алвеш беа стрелци на головите за домашната екипа.
Противник на ПСЖ во борбата за трофејот ќе биде екипата на Рен.
Финалниот меч ќе се игра на 27 април.







