Најмалку три лица загинаа, а повеќе се ранети во престрелка во Фармингтон, во американската држава Ново Мексико.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека во престрелката имало повеќе цивилни жртви, додавајќи дека еден осомничен е „убиен на местото на настанот“.
„Двајца полицајци се ранети. На нив им е укажана лекарска помош и се во стабилна состојба, стои во соопштението. Идентитетот на осомничениот е непознат и засега нема други закани“, соопшти полицијата.
Пукањето било пријавено кратко по 11 часот, а сите градски училишта биле ставени на, како што рекоа официјални лица, „превентивно заклучување“.
Три училишта во близина беа веднаш затворени.
Фармингтон е град со речиси 50.000 жители во северозападниот дел на Ново Мексико.







