Во парк преполн со луѓе во Сан Франциско во четвртокот попладне по локално време дошло до оружен инцидент, при што група мажи кои на лицата носеле шамии преку лицата раниле тројца минувачи, соопштија полицијата и очевидци.
Еден ранет маж е во ктитична состојба, а друг е пуштен дома по укажаната лекарска помош, соопштија официјални лица од болницата, додека за состојбата на хоспитализираното момче засега нема информации, пренесува АП.
Истражителите денес се обидуваат да ги утврдат мотивите за нападот кој, по средноевропско време, се случи вчера рано наутро во мирниот парк Долорес, а полицијата најави дека таму ќе ги зајакне патролите. Очевидец наведува дека до нападот дошло кога чуварите на паркот се судриле со група од шест мажи кои, како што вели, викале и се заканувале и недолично се однесувале кон посетителите, а повеќето носеле шамии кои им го покривале поголемиот дел од лицето.
Паркот којшто се наоѓа на една височинка, во тој момент бил полн со луѓе и деца кои си играле и трчале по тревата.
Поради истрелите стотици луѓе биле приморани да побараат заштита, наведува локалниот портал SFGate.







