Рускиот претседател Владимир Путин со извршна уредба воспостави Ден на татковците за да се истакне улогата на мажот во семејството, објави официјален Кремљ.
Шеесет и осумгодишниот Путин кој има две возрасни ќерки, одлучи со уредба да го втемели Денот на татковците кој ќе се слави секоја трета недела во октомври.
Целта на Денот на татковците е да се зацврсти семејството како институција, а посебно улогата на мажот во подигнувањето на децата, образложија од Кремљ.
Уредбата стапува на сила во понеделник, што значи дека оваа година Татковиот ден ќе се празнува на 17 октомври.
Државната новинска агенција Риа Новости ја објави веста со полна чаша пиво на својот телеграм каналот „Кремлинпол“.
Русија веќе има повеќе празници што го слават мажот, како што е, на пример, Денот на бранителите на татковината.
Претходникот на Путин на местото претседател, Борис Јелцин, го воспостави Мајчиниот ден со извршна уредба во 1998 година и тој се одбележува последната недела во ноември. Во Русија Денот на жената, 8-март, е неработен ден.
Со интервенција на Путин во рускиот Устав, влезе дефиницијата дека бракот е заедница меѓу маж и жена. Другите форми на семејство, пример истополова заедница, не се признаваат во Русија, а понекогаш и се прогонуваат, тврдат борци за човекови права.
(Фото: ЕПА)