Претседателот на корпорацијата „Чајна Уником“ соопшти дека компанијата во седум градови во Кина во употреба пушта експериментална 5Г-мрежа.
На Конференцијата за развој на 5Г-иновации во Шангај, тој информираше дека проектот ќе ги опфати градските средини на Шангај, Гуангжоу, Шенжен, Нанкин, Хангжоу, Пекинг и новата економска зона близу главниот град.
Кинеското Министерство за информации и индустрија во декември минатата година ум издаде лиценци на три подружници на „Чајна уником“, меѓу кои и „Чајна телеком“, за тестирање на 5Г-технологија.
Новото вмрежување ќе овозможи размена на податоци во реално време со брзина над 10 гигабајти во секунда, што е 30 пати побрзо од она кај 4Гтехнологијата, и ќе овозможи значително поголем капацитет на мрежата.
Меѓународниот телекомуникациски сојуз има намера 5Г-технологијата да
ја воведе како стандардна до 2020 година.







