Се е поизвесно дека Адриен Рабио и ПСЖ ќе се разидат на крајот на сезоната, кога на играќот за врска му истекува договорот со Парижаните. А се е и поизвесно каде францускиот фудбалер ќе ја продолжи кариерата, затоа што „Мундо Депортиво“ пишува дека Рабио веќе и рекол ДА на Барселона.
Сепак, тоа уште не значи дека Барса прва стигнала до репрезентативецот на „триколорите“, кои во текот на состанокот со претставниците на каталонскиот клуб изразил желба да се пресели на „Ноу Камп“.
Сега пред челниците на Барселона е задача со застапниците на фудбалерот, после првиот ден во 2019 година, да ги договорат условите под кои Рабио би стигнал во каталонската престолнина.







