Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РАДИКАЛЕН ПРЕСВРТ: „Политичкиот аутсајдер“, Милеи, е нов претседател на Аргентина
СВЕТ

РАДИКАЛЕН ПРЕСВРТ: „Политичкиот аутсајдер“, Милеи, е нов претседател на Аргентина

ноември 20, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новиот претседател на Аргентина, ултралибералниот економист Хавиер Милеи, во својот победнички говор најави обнова на државата и како поборник на шок-терапија предупреди дека нема да има полумерки.

„Историска ноќ за Аргентина“, рече Милеи пред илјадниците свои приврзаници во изборниот штаб во Буенос Аирес.

Милеи во вториот изборен круг, што се одржа вчера, победи со освоени 55 отсто од гласовите.

„Ова е крајот на моделот што ја осиромашува кастата, денес го прифаќаме моделот на слободата (либертаризмот), за повторно да станеме светска сила“, рече новоизбраниот претседател.

 

(Фото: ЕФЕ/Гала Абрамович)

„Соочени сме со огромни проблеми како што се инфлација, стагнација, недостаток на работни места, несигурност, сиромаштија и беда“, наброја тој.

„Овие проблеми ќе можеме да ги решиме само ако ги прифатиме новите идеи за слобода. Нема место за постепени мерки, за малодушност и полумерки“, предупреди Милеи, кој веќе две години се залага за шок-терапија за економијата изедена од хроничната инфлација, искачена на дури 143 проценти.

Им пружи рака за соработка на сите Аргентинци и на „политичките лидери кои сакаат да се приклучат на новата Аргентина“, но ги предупреди оние кои би можеле да се спротивстават на реформите.

„Има луѓе кои ќе се противат, кои ќе сакаат да го задржат системот на привилегии што одговара на малцинство, но го осиромашува мнозинството. Им порачувам, се што е по закон е дозволено, но ништо не е дозволено надвор од законот“.

Хавиер Милеи ќе ја преземе претседателската функција на 10 декември и ќе го наследи актуелниот „перонист“, Алберто Фернандез.

Противкандидатот на Милеи, Серхио Маса, го призна поразот, а претседателот Фернандез рече дека „верува оти може да почне да работи со Хавиер Милеи за да загарантираат уредна транзиција“.

Светските лидери денеска му честитаа на „политичкиот аутсајдер“ Милеи на изборната победа.

„Демократијата е гласот на народот и секогаш мора да се почитува. Им честитам на аргентинските институции за спроведувањето на изборниот процес и на аргентинскиот народ кој учествуваше на денот на изборите на уреден и мирен начин. На новата влада и посакувам многу среќа и успех“, изјави бразилскиот претседател Луис Инасио Лула Да Силва.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, му честиташе на Милеи за победата, пишувајќи на социјалните мрежи дека се радува на изградбата на силен однос заснован на човекови права, демократски вредности и транспарентност.

И поранешниот американски претседател Доналд Трамп му честиташе на аргентинскиот либертаријанец.

„Целиот свет гледаше!Јас сум многу горд на тебе.Ќе ја свртиш својата земја и навистина ќе ја направиш Аргентина повторно голема“, порача Трамп на социјалните мрежи.

Самопрогласениот анархо-капиталист, Милеи, им вети на гласачите радикален пресврт: сака да ја укине централната банка, националната валута да ја замени со американскиот долар, да укине многу министерства и радикално да ги намали издвојувањата за социјална политика.

Радикалната програма каква што предлага Милеи е особено популарна меѓу младите луѓе кои во својот живот знаат само за кризи и се разочарани од политичкиот естаблишмент и сакаат нешто сосема ново.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АП/Наташа Писаренко)

актуелно Аргентина избори инфлација Претседател реформи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.