Турската полиција го разби обидот на геј активистите да одржат парада на гордоста во Истанбул, и покрај строгата забрана од локалните власти.
Заради растерување на четириесетината собрани биле истрелани гумени куршуми.
Парадата беше забранета поради заканите од припадници на неколку ултранационалистичките групи.
Мала група геј активисти се собраа денеска на плоштадот Таксим, меѓутоа, полицијата беше далеку побројна и понадмоќна и веднаш, на самиот почеток на судирот, уапси четири лица.
Ова е трета година по ред како што парадата на гордоста неуспешно се одржува во Истанбул.











