Биткоинот повторно доби замав и ја проби границата од 25.000 долари.
Ова што се случува е помалку изненадувачко, особено после новите мерки на американските регулатори кои, меѓу другите, ја повикаа крипто-компанијата „Паксос Труст“ (Paxos Trust) да престане со издавање на стаблкоин бинанс.
Инвеститорите се загреаја за биткоинот, кој американската СЕК го класифицира како стока, а не како хартија од вредност. Биткоинот посебно силно зајакна во четвртокот (+10%), а неговата пазарна капитализација се приближи до 500 милијарди долари.
Во колачот на сите криптовалути, ова веќе значи удел од речиси 43%. Во моментов, цената на биткоинот е на највисоко ниво од август минатата година.
Да потсетиме, лани од од криптопазарот „испарија“ 1,4 трилиони долари пазарна капитализација, а со падот на ФТХ берзата, изгледите беа навистина лоши. Но, страстите се смирија, купувачите се вратија и можеби дното на биткоинот го видовме на 9 ноември, кога неговата вредност беше 15.700 долари.







