Односот меѓу Кејт Мидлтон и Меган Маркт од пријателски прераснува во натпреварувачки, а извори блиски на кралското семејство откриваат дека Кејт одбива да и помогне на Меган да се прилагоди на животот во палатата.
Англиски медиуми пишуваат дека Кејт не и помага на Меган затоа што чувствува дека Меган сака да ја надмине. Работите, наводно, почнале да се мешаат после венчавката на Меган и принцот Хари.
„Меган за однесувањето во кралското семејство се научи од Кејт, но после венчавката Кејт почуствува дека Меган повеќе не се труди да се дружи со неа и сето внимание го насочила кон тоа да ја импресионира кралицата Елизабета“, пишува лондонски магазин.
Кејт смета дека вложила многу труд во нивното пријателство, а има впечаток дека не добила ништо за возврат. Медиумите пишуваат дека Кејт е добра личност, но дека не сака да ја искористуваат. Додаваат дека таа знаела дека Меган ќе биде критикувана што на терасата на палатата на неодамнешната церемонија се појавила во фустан со голи рамења, но одлучила да не ја предупреди.
„Можеше да ја спаси Меган од непријатности, но не го стори тоа. Ништо не и кажа“, откриваат изворите.
Тврдат дека Кејт е уверена во тоа дека моментно сето внимание на кралското семејство е свртено кон Меган која и не внимава толку на правилата.
Принцот Вилијам и принцот Хари се уморни од искричењето меѓу нивните сопруги и сметаат дека работата бега од контрола.







