Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Рама: Европа да ја изградиме овде и кога ЕУ ќе сака да направи „свадба“ ние ќе бидеме подготвени
Видео

Рама: Европа да ја изградиме овде и кога ЕУ ќе сака да направи „свадба“ ние ќе бидеме подготвени

јуни 8, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Војната во Украина го прави „Отворен Балкан“ поголема нужност, отколку што беше и пред да започне оваа војна која не изненади сите. Отворен Балкан е битен и за нашите луѓе, за заедничкиот простор каде се раѓаат нашите деца и за нивната иднина. Фокусирани сме на иднината. Денеска сме тука токму затоа, бидејќи сакаме да продолжиме кон иднината без да ги затвораме очите пред се уште нерешените проблемите, но убедени сме дека тие можат да се решат само доколку соработуваме и сфатиме дека сме битни еден за друг.

Ова го истакна  албанскиот премиер Еди Рама  во обраќањето на отворањето на Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид.

Тој се осврна на придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“ во делот на туризмот, трговијата и енергетиката, како и во однос на поставувањето заеднички механизам за справување со пожари.

„Силно верувам дека што повеќе ние се зближуваме еден со друг, толку повеќе шанси има да ги разрешиме и конфликтите, да се направи краен мир помеѓу Србија и Косово, една тема за која јас не се согласувам со претседателот Вучиќ, но овде решението е многу едноставно. Или ова несогласување да се претвори во постар конфликт со сите тие празнини кои потоа остануваат во нашата економија, во нашата безбедност или обратно од тоа треба да се направи, да се доближиме што е можно повеќе за да се разбереме помеѓу себе што повеќе и самите луѓе да бидат свесни дека иднината е многу поважна од минатото, рече Рама.

Осврнувајќи се на евроинтеграциите и очекувањата од претстојниот самит на ЕУ тој во негов стил порача дека не се подготвува за како што вели „оваа свадба“ и оти фокусот треба да биде Европа да се изгради овде во регионот.

„Секогаш кога доаѓа Европскиот совет се подготвуваме како за на свадба. Јас сум кажал и порано, Албанија повеќе не се подготвува за таа „свадба“. Ако се случи „свадбата“ ќе одиме како што сме облечени. Нема да се облечеме свечено, нема да нарачаме најдобар оркестар, нема да трошиме на големи банкети за да дојдат сватовите и да останеме сами со невестата, бидејќи не доаѓа зетот да ја земе или пак зетот останува на врата. Невестата може да се снајде, бидејќи ќе рече не сакам да зборувам со зетот, бидејќи имам други работи, а е уште полошо ако зетот остане. Да кажам уште еднаш „Отворен Балкан“ е зетот, а невестата е ЕУ. Ова е лошо за нас. Подобро ќе беше ние да бевме невестата, бидејќи ќе не земеа побргу, а кога си зет обременет со толку големи проблеми, тоа е голем проблем. Но, нашиот пат е многу јасен за нас. Ние сакаме Европа да ја изградиме овде, да изградиме наши системи за функционирање на државата, на стопанството и на се друго и потоа кога тие ќе сакаат да направат „свадба“, ние ќе бидеме подготвени, рече албанскиот премиер.

Рама порача дека не треба да се очекува ништо од почетокот на преговорите со ЕУ поради ветото на Бугарија кое смета дека ќе остане.

„Затоа на пријателите од Северна Македонија им велам не ја земајте со многу нервоза и стрес оваа „свадба“, бидејќи го пренесувате стресот и кај нас. Ве гледаме нема да ве земат, завршена е оваа работа, Бугарија се излегува. Бугарија е маж за себе, исто така со проблеми. Ние Албанците сме во ред. Ако сакаат „свадба“ тука сме подготвени, ако не сакаат пак сме тука. Нема никаков проблем, вели Рама.

Тој смета дека уште сега треба да се заврши со стресот од очекувањата од самитот на ЕУ, бидејќи не очекува отворање на преговорите се додека на Бугарија не и здодее оваа логика, во врска со тоа што го прави сега.

„Овде зборуваме за почеток на преговори, не за нешто друго. Преговорите ќе завршат кога актуелниот бугарски премиер ќе биде дедо, стар човек. Овде се зборува за отворање на преговори, да продолжиме со разговори меѓу нас, навистина сме подготвени и сакаме да бидеме членки на ЕУ, но една работа треба да кажеме, сум го кажал таму, и овде ќе го кажам. Некогаш кога одев во Брисел одев за да земам охрабрување од нив, сега кога одам во Брисел ми се гледа дека јас треба ним да им дадам охрабрување. Искрено кажувам. Некогаш ми се гледаа тие во врвот на формата, а денеска ми е жал кога ги гледаме. Значи, одиме ние таму им даваме нив малку енергија, бидејќи Балканот нема да умре, а овој „Отворениот“ уште помалку. Нема да умре. Како и да се врти светот, Балканот ќе биде тука, Србија нема да оди на друга планета, Македонија исто така нема да оди на друга планета, ниту Босна нема да побегне од тоа место, ќе се „вари“ внатре, но тука е. Ние Албанците, исто така нема каде да одиме, тука сме, така што ЕУ е добра, но ние сме тука во срцето на Европа, рече албанскиот премиер Рама.

Лидерите на земјите учеснички на самитот, предвидено е да потпишат договор за соработка и меѓусебно признавање дипломи и научни оценки издадени во високообразовни установи и други овластени институции и меморандуми за разбирање за соработка во областите туризам, култура и даночна администрација во Западен Балкан. /MИА/. 

актуелно Европа рама
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.